Вокер и Габриел Жесус позитивни на КОВИД-19

Вокер и Габриел Жесус позитивни на КОВИД-19

пред 3 години

Пеп Гвардиола нема да може да смета на својот дефанзивец Кајл Вокер и на напаѓачот Габриел Жесус за време на празничниот богат фудбалски период во Англија, откако двајцата заедно со уште двајца членови на тренерскиот тим на Манчестер сити имале позитивни тестови на корона вирусот.

Жесус го постигна првиот гол при 4:1 победата над Арсенал во Карабао купот во вторникот, додека Вокер беше замена во тој меч. Тие сигурно ги пропуштаат мечевите со Њукасл јунајтед (25.12), Евертон (27.12) и Челси (03.01), како и големото дерби во полуфиналето на Карабао купот против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ (06.01).

Жесус беше совршена замена за повредениот Серхио Агуеро, постигнувајќи 4 гола во 11 меча оваа сезона. Вокер, пак, играше на 18 меча оваа сезона.

Share
Scroll to Top