Џорџ Расел следната година ќе добие шанса да вози болид со кој ќе се бори за победи и за титули, но во Мерцедес неговото пристигнување носи нов предизвик – како да се вклопи во тимот за да нема конфликти со седумкратниот шампион Луис Хамилтон, налик на конфликтот кој го имаше со Нико Розберг.
Возачот на Вилијамс досега се покажа како бескомпромисен возач, кој не се штеди од конфликти на патеката, и дел од фановите сметаат дека ќе има конфликт со Хамилтон, кој сигурно нема да дозволи да ја загуби привилегираната позиција во тимот. Шефот Тото Волф признава дека имаат работа пред нив.
„Џорџ покажа дека заслужува место во врвен болид и сега треба да го навикнеме на ситуацијата во Мерцедес. Има поголем притисок, ќе има неверојатен клупски колега со најдобар скор во историјата и важно е да биде научен на работите кои го прават Мерцедес да функционира. Во минатото потфрливме во такви ситуации, но сега сме далеку поподготвени. Џорџ има амбиција да биде светски шампион, но истата амбиција ја дели и Луис, затоа мора да има подесување на односите“, вели Волф.