Волфсбург е „бомбата“ меѓу фаворитите во Бундеслигата

Волфсбург е „бомбата“ меѓу фаворитите во Бундеслигата

пред 4 години

Фудбалерите на Волфсбург денеска ја забележаа третата лигашка победа во низа, падна Фрајбург со 3-0. Сега момците предводени од тренерот Гласнер се искачија на третата позиција на табелата во Бундеслигата и зад себе ги оставија Баер Леверкузен, Борусија Менхенгладбах и кандидатот за висок пласман – Борусија Дортмунд.

Во 21. минута со голот на Брукс Волфсбург дојде во водство од 1-0, а Видхорд во првиот дел зголеми на 2-0.

Во второто полувреме Герхерд ги постави конечните 3-0.

Фрајбург по ова 19. коло останува на 9. позиција.

Денеска и тимот на Келн забележа лесна и уверлива домашна победа многу важна против директниот конкурент за опстанок. Со 3-1 „јарците“ беа поуспешни од екипата на Арминија Билефилд.

Домашните до 2-0 стигнаа со двата погодока на Волф во првиот дел, Рехбесац зголеми на 3-0, а конечните 3-1 ги постави Кордова во 73 минута.

Келн по ова коло избега над опасната зона, 14-ти е со 18 бода, додека Арминија сега е во последните три екипи кои се во опасност од преселба во Цвајта.

Share
Scroll to Top