Вујовиќ: Немаме капацитет за толкав број на натпревари

Вујовиќ: Немаме капацитет за толкав број на натпревари

пред 3 години

Ракометарите на Вардар во среда ќе го одиграат првиот натпревар на домашен терен, во Лигата на шампионите. По нерешениот резултат кај Елверум, Вардар ќе го пречека Мешков Брест.

Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ, се пожали на пренатрупаниот календар што не му оставило простор за тренинг.

„Едно е сигурно, а тоа е смртта, а сѐ друго е релативна работа. Не сакам да се жалам, но во последните седум дена одигравме четири меча, и ако ги сметаме Мешков Брест и Еурофарм Пелистер, тоа ќе бидат шест за 14 дена. Вардар во овој момент нема капацитет за толкав број на натпревари. Ние во последните седум дена не направивме два нормални тренинзи. Ние немаме уште еден среден бек, а за да пробам некој од другите ракометари нема време. Треба да се надминеме себе за да го победиме Мешков”, вели Вујовиќ.

Фото/rkvardar.mk

Share
Scroll to Top