Сопственикот на Саутемптон и Гезтепе, српскиот бизнисмен, Драган Шолак е блиску до купување на бугарскиот прволигаш Левски.
Бугарските медиуми пренесуваат дека се е договорено за преземање на сопственоста на клубот кој во својата историја има освоено дури 74 трофеи. Сезонава на тимот од Софија не му оди најдобро.
Левски во средата го загуби градското дерби против Славија и сега е шести во лигата.
Клубот има огромен долг, се шпекулира си сума од околу осум милиони евра. Шолак се согласил да го купи клубот и да ги исплати долговите.
Зделката ќе биде официјализирана пред крајот на оваа година.