Галатасарај и Наполи го договорија трансферот на Осимен

Галатасарај и Наполи го договорија трансферот на Осимен

пред 22 часа

Една од најдолгите трансфер саги ова лето наскоро ќе заврши. Виктор Осимен дефинитивно ќе стане играч на Галатасарај, бидејќи турскиот шампион конечно ги прифати сите услови на Наполи.

Преговорите беа напнати.На крајотНаполи успеа да извлече голем дел од 80-те милиони евра кои ги вложи во Осимен кога Нигериецот дојде од Лил пред пет години.

На крајот вкупната вредност на трансферот е 75 милиони евра. И тоа не беше спорно во преговорите меѓу двете страни. Дури и дека главниот износ од 40 милиони евра треба да се исплати веднаш. Копјата се кршеа околу динамиката на исплатата на преостанатите 35 милиони евра. Наполи побара да биде до 2026 година, а Галатасарај до 2027 година.

На крајот, Наполи победи така што успеа да вметне уште две клаузули во договорот. Првата за процентот на следната продажба, а втората дека не може да биде продаден на италијански клуб пред 2027 година.

За четири години, Осимен одигра 133 натпревари за Наполи и постигна 76 гола, а во последната сезона во која беше позајмен играч, во дресот на Галатасарај, постигна 37 гола во 41 натпревар.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top