Галахер пак блесна, Брајтон и Палас со реми во најнеобичното англиско дерби

Галахер пак блесна, Брајтон и Палас со реми во најнеобичното англиско дерби

пред 3 години

Конор Галахер го постигна својот седми премиерлигашки гол оваа сезона, но тоа не беше доволно Кристал палас да забележат победа во Брајтон во едно од најнеобичните дербија во англискиот фудбал, откако гостите си постигнаа автогол во 86. минута за 1:1 реми.

Домаќините прво утнаа пенал во 38.минута, пред три минути подоцна да им биде поништен и гол од ВАР системот поради прекршок. 21-годишниот Галахер, кој инаку игра во тимот на Патрик Виера како позајмен играч од Челси, се најде на вистинското место во 69. минута за да го донесе Палас во водство, но по ова следуваше огромен притисок на играчите на Брајтон, кои израмнија во 86. минута кога Јоаким Андерсен си ја смести топката во сопствената мрежа.

Иако повеќето фудбалски ривалства во Англија се продукт на времето (односно се стари над стотина години) или географијата (градски ривали), мечот Брајтон-Кристал Палас почна да биде „луто“ ривалство во една сезона – 1976/77.

Во таа сезона двата клуба поставија нови менаџери (Тери Венејблс-Палас, Алан Малери-Брајтон) и беа директни конкуренти за влез во Втората лига, и до крајот на сезоната двата клуба успеаја во мисијата. Контроверзите се зголемија во првото коло на ФА купот таа сезона – по две ремија, од кој вториот меч двапати се преигруваше поради силен дожд, Палас победи со 1:0 со контроверзен пенал.

Сегашниот прекар „галеби“ на Брајтон потекнува од тоа време, кога навивачите на овој клуб се потсмеваа со прекарот на Палас, „орли“.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top