Гвардиола: Агуеро е како лав, ќе игра до својата 40-та година

Гвардиола: Агуеро е како лав, ќе игра до својата 40-та година

пред 3 години

Пеп Гвардиола е подготвен да се збогува со Серхио Агуеро пред неговиот последен меч за Манчестер сити, велејќи дека се работи за исклучителен фудбалер со инстинкт на лав, кој може да игра уште долго време.

Мечот во недела против Евертон ќе биде последниот за 32-годишниот Аргентинец по 10 години на „Етихад“, бидејќи му завршува договорот и според шпекулациите ќе потпише за Барселона. Гвардиола вели дека секој тим би сакал да го има во својот состав.

„Агуеро е неверојатно пријатна и ведра личност, и иако е легенда уште е скромен. Дојде од Аргентина во земја каде што не е лесно да се даваат голови и го правеше тоа со години. Сите во соблекувалната го сакаат и мислам дека фановите ќе му приредат добро збогување. Тој е како лав во џунглата, го убива противникот. Може да игра до својата 40-та година сигурно“, вели Гвардиола.

Share
Scroll to Top