Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, очигледно не заборавил на коментарите на сопругата на Олександер Зинченко по нивната елиминација од Лион во Лигата на шампионите минатата сезона, откако презентерката Влада Седан откри како Гвардиола ја споменал за време на прославата на 50-тиот роденден на менаџерот.
Сити загуби од Лион со 3:1 во четврт-финалето на ЛШ, по што Седан го обвини Гвардиола дека не знае фудбалска тактика бидејќи играше со тројца централни дефанзивци, а левиот бек Зинченко го помина мечот на клупата.
„Можеби немам право да го кажам ова, можеби Зинченко ќе ми забрани, но без да пцујам, ова е целосно грешка на Гвардиола. Да се прават тактички експерименти во ваков клучен момент е катастрофално“, изјави тогаш Седан.
Зинченко, зачудувачки, на денот на својата свадба ја правдаше Седан на социјалните мрежи, а сега госпоѓата Зинченко откри дека нејзиниот сопруг се обидел да се пошегува на 50-тиот роденден на Гвардиола на 18 јануари.
„Тоа беше негов роденден, 50 години. Зина е Зина. Прво честитки, а потоа му кажа: ‘Веќе 50 години, старост’. Пеп само го погледна и му кажа: ‘Алекс, најважно за мене е да и се допаѓам на твојата сопруга и работите ќе бидат океј’“, открива Седан.
Зинченко на денот на својата свадба се „правдаше“ кај Гвардиола