Гвардиола: Нема посилен од Лео Меси

Гвардиола: Нема посилен од Лео Меси

пред 3 години

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола повторно го искажа своето воодушевување од Лионел Меси, по новите шпекулации дека повторно ќе работи со Аргентинецот, овојпат на „Етихад“.

Меси не играше на последниот меч од сезоната за Барселона и уште нема потврдено дали ќе остане и следната сезона, зголемувајќи ги шпекулациите за можен трансфер во Премиер лигата.

„Тој е многу силен, најсилниот! Покрај неговите квалитети како фудбалер, најважен е неговиот менталитет, менталната сила. Во четири години во Барселона, тој не загуби ниту еднаш. Има конкурентен менталитет каков што имаат можеби три-четири фудбалери во историјата. Сите знаеме дека Меси е најдобриот, но малкумина знаат дека е најсилниот“, вели Гвардиола.

Share
Scroll to Top