Германската легенда за  Роналдо: Го покажа своето вистинско лице, сѐ и понатаму се врти околу него

Германската легенда за Роналдо: Го покажа своето вистинско лице, сѐ и понатаму се врти околу него

пред 3 месеци

Португалија беше подобра од Словенија во лотаријата со пенали, но се уште се зборува за продолженијата каде Кристијано Роналдо не реализираше погодок од белата точка.

Славниот Португалец промаши пенал во 105. минута, или подобро кажано го одбрани Јан Облак. После тоа Кристијано Роналдо се расплака, а свое мислење за тоа даде и поранешниот германски ас Дитмар Хаман.

„Морам да признаам дека и јас верував дека Кристијано Роналдо стана тимски играч повеќе отколку што беше порано. И јас верував во таа глупост, но мислам дека тој повторно го покажа своето вистинско лице“, изјави Хаман за ирската телевизија „RTE“ и продолжи:

„Кога почна да плаче откако промаши слободен удар на половина од продолжението, тогаш помислив дека сѐ и понатаму се врти околу него.

За потсетување, Португалија во сабота во четвртфиналето на еврото ќе игра против Франција.

Share
Scroll to Top