Бизарен скандал се случи во репрезентацијата на Гвинеја непосредно пред почетокот на Африканскиот куп на нации кој започнува на 13 јануари во Брегот на Слоновата Коска.
Имено, пред неколку месеци таа репрезентација одигра пријателски натпревар со Бразил, а по натпреварот репрезентативецот на африканската селекција Морлеј Сила си размени дресови со ѕвездата на Реал, Винисиус.
Недолго потоа Сила, играчот на португалската Арока, не можеше да го најде дресот на Винисиус и прво ги обвини соиграчите дека го украле од соблекувалната, а потоа како виновник го наведе тренерот Каба Диавара.
Од репрезентацијата на Гвинеја побараа од Сила да се извини за ваквите обвинувања, кои ги оценија како неосновани и скандалозни, што тој не го сторил до денеска, а селекторот Диавара го пречкта од списокот за Африканскиот куп на нации. На Африканскиот куп на нации, Гвинеја ќе игра во групата Ц против Камерун, Гамбија и Сенегал.
View this post on Instagram