Сонот за Наполи за пласман во Лигата на шампионите останува жив, стигнаа до фантастична 5:2 победа над Лацио во вистинско гол-шоу на „Диего Армандо Марадона“.
Убедливиот домашен триумф ги остава „партенопеи“ на петтото место на табелата, но сега со 53 поени, само два помалку од Аталанта и Јувентус пред нив и само три зад второпласираниот Милан, додека Лацио остануваат шести со 58 поени.
Намерите на тимот на Рино Гатузо беа јасни од почеток – Лоренцо Инсиње уште во седмата минута од пенал ги донесе во водство, пред во 12. минута Матео Политано да зголеми на 2:0. Инсиње го започна и второто полувреме со гол, овојпат во 53. минута, за 12 минути подоцна, Дрис Мертенс да ја најави катастрофата на Лацио за 4:0.
Чиро Имобиле одговори во 70. минута за 4:1, а само четири минути подоцна Сергеј Милинковиќ-Савиќ намали на 4:2, но Виктор Осимен во 80. минута стави крај на сите надежи за камбек за 5:2.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса кога исходот беше веќе сигурен, откако во 82. минута од мечот го замени Пјотр Зиелински.