Голманот Портер најмлад стартер во историјата на Арсенал

Голманот Портер најмлад стартер во историјата на Арсенал

пред 1 ден

Голманот на Арсенал, 16-годишниот Џек Портер, стана најмладиот играч кој започнал натпревар во стартната постава на Арсенал. Потер дебитираше на натпреварот против Болтон во Лига купот (5:1).

Портер има 16 години и 72 дена и го собори клупскиот рекорд на Сеск Фабрегас, кој стартуваше за Арсенал со 16 години и 177 дена, во мечот од Лига купот против Ротерам во октомври 2003 година.

Портер бранеше на местото на Давид Раја, кој натпреварот го пропушти поради повреда на бутниот мускул.

Голманот на У17 репрезентацијата на Англија е вториот најмлад фудбалер кој настапил за Арсенал, по Итан Нванери, кој како резерва дебитираше во септември 2022 година на 15 години и 181 ден на мечот против Брентфорд.

Share
Scroll to Top