Нико Гонзалез постигна еден гол и асистираше на уште еден за да ги предводи Штутгарт до 4:1 победа на гости кај Аугзбург, прекинувајќи ја низата од два меча без победа и без постигнат гол, што беше зачудувачки под „отворената“ игра на тренерот Пелегрино Матарацо.
Гонзалез во десеттата минута постигна гол од пенал за да ги донесе гостите во водство, пред Силас Вамангитука да зголеми на 0:2 по брз контранапад во 29. минута од играта. Марко Рихтер по само 30 секунди од второто полувреме намали на 1:2, пред Гонзалез во 61. минута одлично да му нафрли на Гонзало Кастро за 1:3. Рихтер потоа доби два жолти картони за три минути, па Аугзбург остана со играч помалку, пред Даниел Дидави во 87. минута да ја потврди победата на Штутгарт.
Со победата, Штутгарт е на 10. место со 21 поен, два повеќе од Аугзбург на 11. место.