Германија демонстрираше сила против Лихтенштајн во квалификациите за Светското првенство. Германците, кои во минатото коло ја обезбедија првата позиција во Ј-групата, победија со 9:0.
Убедливата победа над аутсајдерот, го обележа бруталниот старт во раната фаза на натпреварот.
Играчот на Лихтенштајн, Јенс Хофер со високо крената нога, го нокаутираше Леон Горецка. За овој старт Хофер беше исклучен во деветтата минута, а Германија доби пенал.
Гундоган погоди од белата точка и ја отвори серијата голови.
Горецка, од претпазивост беше заменет на полувремето.
Германците, в недела, ќе ја пречекаат Ерменија, Лихтенштајн ќе игра против Романија.
Liechtenstein’s Jens Hofer got a straight red card after this high boot on Leon Goretzka ? pic.twitter.com/AavMaSIbrl
— ESPN FC (@ESPNFC) November 11, 2021