Горецка ја спаси Германија од срам, пенал – реми дуел во Будимпешта

Горецка ја спаси Германија од срам, пенал – реми дуел во Будимпешта

пред 3 години

Малку недостасуваше селекцијата на Германија уште по групната фаза да доживее елиминација од селекцијата на Унгарија, и тоа на домашен терен во Минхен. По 90 минути „Панцирите“ одиграа 2-2 со храбрите Унгарци и тоа благодарение на погодокот на Леон Горецка во 84 минута откако Унгарија на двапати имаше водство.

Најпрво во 11 минута Салај погоди со глава за 0-1.

Тој резултат беше актуелен се до 66 минута кога Каи Хаверц донесе израмнување, 1-1.

Само 2 минути подоцна Унгарците дојдоа до нова предност, преку Шафер во 68 минута.

Следуваше атак со сите сили на Германците и спасоносниот гол на Горецка.

На останатиот последен меч од групата Ф популарно наречена „група на смртта“, дербито во Будимпешта меѓу Франција и Португалија заврши со поделба на пленот, 2-2.

На меч во кој шпанскиот судија Лахос покажа дури 3 пенали, по двапати во листата на стрелците се запишаа Карим Бензема кај „петлите“, односно Кристијано Роналдо кај Португалците.

Унгарија го заврши настапот на ЕУРО 2020 со 2 освоени бодови, како четвртопласирана.

Германците групата ја завршуваат на втората позиција, со 4 бода од 3 меча.

Французите се тие кои се лидери во групата, со 5 бодови, додека Португалија ќе игра во осминафиналето благодарение на тоа што како третопласирана со позитивна гол-разлика обезбеди пласман во нокаут фазата.

Share
Scroll to Top