„Гризман се враќа? Тоа би било пријатно изненадување“

„Гризман се враќа? Тоа би било пријатно изненадување“

пред 3 години

Во Атлетико Мадрид не се откажуваат од опцијата да го врата Антоан Гризман на „Ванда Метрополитано“. Гризман, во 2019 година се пресели во Барселона за 120 милиони евра.

Платата на Гризман, во ситуација кога Барса има големи финансиски проблеми, претствува товар за клубот. Не е тајна дека Барселона сака да го продаде францускиот репрезентативец.

Минатата недела шпанските медиуми објавија дека Барселона подготвува размена со Атлетико, Гризман за Саул Нигез.

Истите извори, вчера, објавија дека Барселона ставиле крај на преговорите, бидејќи Атлетико одбиле покрај размената да доплатат и 15 милиони евра.

Гризман, до крајот на оваа недела се наоѓа на одмор, а кога ќе се врати во Барселона, неговата иднина ќе биде крајно неизвесна. Некои медиуми тврдат дека менаџерот на фудбалерот преговара со клубови од Премиер лигата околу неговиот трансфер.

Од друга стрна првиот човек на Атлетико, Енрике Серезо, за „Депортес Кватро“, рекол дека не е невозможно Гризман да се врати во клубот.

„Во светот на фудбалот се е можно. Никој не може да знае како ќе завршат преговорите. Враќањето на Гризман? Доколку се случи тоа ќе биде пријатно изненадување. Наскоро ќе знаете повеќе“, рекол првиот човек на актуелниот шпански шампион.

Share
Scroll to Top