Гундоган: Доста за Суперлигата, реформата на УЕФА е катастрофа!

Гундоган: Доста за Суперлигата, реформата на УЕФА е катастрофа!

пред 4 години

Ѕвездата на Манчестер сити, Илкај Гундоган, вели дека по „погребувањето“ на проектот на Европската Суперлига, сите треба да обрнат внимание на плановите на УЕФА за реформа на Лигата на шампионите, која ќе донесе само нови проблеми.

Веднаш по контроверзната промоција на Европската Суперлига, УЕФА ги потврди реформите на Лигата на шампионите од 2024 година, со зголемување на бројот на клубови од 32 до 36, но и со големо зголемување на бројот натпревари – сега клубовите имаат гарантирано 10 меча во единствената група, по што следува нокаут форматот. Гундоган вели дека ова е „помалото од двете зла“.

„Со сите работи околу Суперлигата… Може ли да зборуваме за новиот формат на Лигата на шампионите. Уште повеќе натпревари, никој не размислува за нас фудбалерите. Новиот формат е само помало од двете зла во споредба со Суперлигата. Сегашниот формат функционира одлично и затоа се работи за најпопуларното натпреварување на светот, за нас фудбалерите и за фановите“, вели Гундоган.

Претходно и поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Маркус Бабел се спротистави на планот на УЕФА.

„Лигата на шампионите во 2024 и е исто така ср.ње на 10-ти степен. Никој не може да го сфати сериозно бидејќи реформата е само за повеќе натпревари и повеќе пари. Вистинска катастрофа, но барем клубовите можат да се квалификуваа таму“, изјави Бабел.

Share
Scroll to Top