Мадридското дерби му припадна на Реал. „Кралевите“ предмалку на „Сантијаго Бернабеу“ со 2-0 го победија составот на Диего Симеоне и се зацврстија на лидерската позиција во Ла Лига по 17 одиграни кола.
Повратникот во екипата, Карим Бензема уште во 16 минута ја стресе мрежата на Облак, на додавање на Винисиус Жуниор.
Анчелоти на полувреме го смени Французинот и на негово место во игра го внесе Лука Јовиќ.
Сепак, наместо Србинот, вторпат патот до мрежата на „јорганџиите“ го најде Асенсио, повторно по асистенција на Винисиус.
Иако Атлетико имаа повеќе упатени кон голот на Куртоа, Белгиецот запиша 5 успешни асистенции и ја зачува мрежата чиста.
По 17 одиграни кола, Реал е лидер со 42 бода, дури 13 повеќе од денешниот ривал кој е на четвртата позиција на табелата.
Севилја е второпласирана со 34 поени, само еден повеќе од екипата на Бетис која попладнево со убедливи 4-0 ја реши екипата на Реал Сосиедад.