Давид Луиз: Ова е фудбал, понекогаш ќе повредиш некого

Давид Луиз: Ова е фудбал, понекогаш ќе повредиш некого

пред 4 години

Дефанзивецот на Арсенал, Давид Луиз смета дека фудбалот мора да остане „контактен“ спорт и дека на фудбалерите не им е потребна дополнителна заштита од судиите, правилата или ВАР, и покрај тоа што во англиските медиуми главната тема беше повредата на Виргил ван Дајк од Ливерпул по стартот на голманот на Евертон, Џордан Пикфорд минатиот викенд.

„Фудбалот е спорт со контакт. Тоа бил отсекогаш и ќе продолжи да биде. Кога фудбалер се обидува намерно да повреди некого или да направи лошо, тоа веднаш се гледа. Но, понекогаш немаме среќа со некои топки и можеш или ти да се повредиш или да повредиш некого. Ќе кажеш извини, ќе бидеш скромен и ќе продолжиш. Ако имаш намера, сите ќе го забележат тоа. Но, мислам дека најважно е да го заштитиме фудбалот. Фудбалот треба да ги прави луѓето среќни, а да биде така мора да има контакт бидејќи тоа е дел од спортот“, вели Луиз.

Share
Scroll to Top