Далас и Дончиќ ги победија Денвер и Јокиќ

Далас и Дончиќ ги победија Денвер и Јокиќ

пред 4 години

Далас Маверикс славеа победа над Денвер Нагетс 116:103. Лука Дончиќ и Кристапс Прозингс го добија дуелот со Никола Јокиќ.

Маверикс дилемите околу победникот ги решија во втората четвртина, кога со серија од 18:4, дојдоа до предност од 21 поен.

Лука Дончиќ натпреварот го заврши со дабл-дабл од 21 поен и 12 асистенции, додека Кристапс Прозингис постигна 25 поени.

Никола Јокиќ на спротивната страна имаше 26 поени, осум скока и 11 асистенции. Кај Денвер по 23 поени постигнаа Мајкл Портер и Вил Бартон.

Далас се осми на Западот со 20 победи и 17 порази, а Денвер се шести со 22 победи и 16 порази.



Share
Scroll to Top