Од 2004, годината во која Арсенал ја освои својата 13-та титула во Англија, нивните градски ривали Челси освоија пет трофеи од Премиер лигата, две титули од Лигата на шампионите, но многумина сметаат дека „топчиите“ поради историските успеси се „поголемиот“ лондонски клуб.
Откако Роман Абрамович го купи Челси, клубот покрај трофеите од Премиер лигата и од Лигата на шампиони има и 5 ФА куп титули, 3 Лига куп титули и два трофеи од Лига Европа. Арсенал, ја има таа титула од 2004 и пет трофеи од ФА купот, но ретко кога завршуваат во топ 4 во Лигата.
Поранешниот фудбалер на Манчестер сити, Тревор Синклер смета дека ова покажува дека Челси сега се „најголемиот“ клуб од Лондон.
„Тоа што го остварија во последните 10 години е неверојатно. Можеби на стадионот му треба работа, но тренинг-центарот во Кобам е фантастичен и имаат фантастичен состав. Има многу големи клубови во Лондон, но Челси се лидери“, вели Синклер.
Џејми О’Хара, поранешен фудбалер на Тотенхем, сепак, не се согласува со ова.
„Јас сум навивач на Тотенхем, но не можете да избегате од фактот дека Арсенал се најголем клуб во Лондон. Видете ја историјата, вистинските успеси, навивачите и се што доаѓа со голем клуб. Да, Челси се најуспешниот клуб од Лондон во моментов, имаат газда милијардер, но Арсенал се први“, вели О’Хара.