Далиќ по елиминацијата: И тажен сум и горд!

Далиќ по елиминацијата: И тажен сум и горд!

пред 3 години

Ден по елиминацијата на Хрватска од ЕУРО 2020 селекторот на „коцкастите“ Златко Далиќ на прес-конференција ги сублимираше впечатоците од ЕП.

„Загубивме по продолженија. Прво полувреме многу се изморивме од трчање по топката, не стоевме добро во пресинг. Честитки за Шпанците, но и за моите играчи за се што покажаа на ЕП. Хрватска вчера покажа дека има сила и квалитет но и она што е најважно – карактер. Хрватска не треба да стравува за својата иднина“ рече Далиќ.

Селекторот потсети дека главната цел пред почетокот на ЕП им било поминување на групата.

„Не се провлековме, туку бевме второи во групата. Оваа репрезентација вреди и може многу повеќе. Јас сум тажен, но и горд. Тажен поради играчите кои дадоа се од себе, тажен поради луѓето кои дојдоа во Копенхаген, потрошија време и пари, се трудеа, навиваа. Горд сум на сета синергија која беше на крајот на мечот, го оставивме срцето на терен“ рече селекторот Златко Далиќ.

За идните планови рече дека сака со „коцкастите“ да се пласира во Катар, но напомена и дека ќе следува анализа со луѓето од Сојузот и со постарите играчи за негово евентуално напуштање на функцијата.

Share
Scroll to Top