Данска нема да им дозволи влез на навивачите од Русија, кои купиле билети за натпреварот што ќе го одиграат Данска и Русија во Копенхаген на 21.јуни.
УЕФА, објави дека преговорите со данските власти завршиле неуспешно. Според здравствените протоколи, Данска, не дозволува влез на своја територија на граѓани кои не доаѓаат од земјите членки на Европската унија.
„Сериозно сме загрижени поради оваа ситуација“, изјавиле од Фудбалскиот сојуз на Русија.
„Ве молиме да ги разгледата сите можности и да им овозможите на нашите навивачи да присуствуваат на натпреварот. Ве молиме да најдете механизам кој ќе ја реши оваа ситуација“, истакнува шефот на Фудбалскиот сојуз на Русија, Александар Алаев, во писмото, упатено до директорот на УЕФА, Мартин Кален.
Покрај Русија и Данска, во групата се наоѓаат и селекциите на Белгија и Финска. За навивачите на овие две репрезентации нема да важат данските здравствени протоколи. Инаку, Русија, првите два натпревари против Белгија и Финска ќе ги одигра на домашен терен во Санкт Петербург.