Де Варгас ја спушти „ролетната“ – Шпанија го елиминира Египет

Де Варгас ја спушти „ролетната“ – Шпанија го елиминира Египет

пред 3 месеци

Ракометарите на Шпанија се пласираа во полуфиналето на Олимписките игри откако во четвртфиналниот меч ја совладаа селекцијата на Египет со резултат 29:28. „Црвената фурија“ во продлженијата го елиминираше Египет, кој во најголемиот дел од натпреварот беше подобриот тим на теренот.

Селекцијата на Египет одлично влезе во натпреварот. Таа поведе со 4:2, но Шпанците тргнаа во серија од 3:0 и првпат поведоа со 5:4. Египет експресно ја врати предноста од два гола, а првите 30 минути ги заврши со серија од 4:0 за плус четири на пауза, 12:8.

Селекцијата на Египет ја задржа предноста во продолжение. Шпанците не успеаја да направат серија но трпеливо ја топеа предноста на противникот.

Тарафета во финишот озедначи на 25:25, а последниот напад на Египет во регуларниот дел не беше успешен.

Во продолженијата пресуди искуството на Шпанците и најдобриот играч во нивните редови, голманот Де Варгас.

Откако Гомез реализира седмерец за 29:28, Де Ваграс го одбрани ударот на Елдера во последниот напад на мечот.

Гомез беше најефикасен кај Шпанците со девет гола, но главна ѕвезда е неверојатниот голман Гонзало Перез де Варгас, кој имаше 17 одбрани.

Кај Египет најефикасен беше Јехиа Елдера со осум постигнати голови. Голманот Мохамад Али имаше 12 одбрани.

Share
Scroll to Top