Милан го договориле трансферот на Кабак

Милан го договориле трансферот на Кабак

пред 3 години

Трансферот на Озан Кабак од Шалке во Милан ќе биде реализиран во зимскиот преоден рок, тврди менаџерот Гаетано Ди Каро. Милан, во летниот преоден рок не успеа да го договори трансферот на овој фудбалер, а во меѓувреме,медиумите шпекулираа дека интерес за него покажува и Ливерпул.

„Лично разговарав со генералниот директор на Шалке, тој ми потврди дека има заинтересирани клубови за Кабак и дека тој веќе подолг период преговара со Милан. Во Германија се сигурни дека трансферот е веќе договорен“, рекол Ди Каро.

Шалке има големи проблеми од почетокот на сезоната, тимот е последен, без победа во Бундес лигата, а долговите секојдневно се зголемуваат.

Поради тоа Шалке мора да ги продава најдобрите играчи. Ди Каро тврди дека трансферот на Кабак во Милан ќе изнесува помеѓу 23 и 25 милиони евра.

Share
Scroll to Top