Дибала бара иста плата со Де Лихт за да остане во Јуве

Дибала бара иста плата со Де Лихт за да остане во Јуве

пред 3 години

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала барал иста плата како холандскиот бек Матијс де Лихт за да го продолжи договорот со „бјанконерите“, тврди „Ил кориере дело спорт“.

Иако се веруваше дека продолжувањето на договорот е обична формалност, според весникот, Јувентус наишле на ултиматум од Аргентинецот, кој сака да биде најплатениот фудбалер на светот.

Де Лихт добива 8 милиони по сезона во Торино, но неговиот договор има голем број на бонуси, така што сумата достигнува 12 милиони евра по сезона. Сегашната понуда за нов договор на Дибала едвај достигнува 9 милиони евра по сезона и тоа со сите бонуси.

Договорот на 27-годишниот Дибала завршува следното лето, а по заминувањето на Кристијано Роналдо, тој е прва ѕвезда на тимот, со еден гол и една асистенција во првите два меча од сезоната.

Share
Scroll to Top