Дибала бара плата каква што има Де Лихт

Дибала бара плата каква што има Де Лихт

пред 3 години

Јувентус и Паоло Дибала неколку месеци преговараат околу новиот договор. Актуелниот договор пто го има со Јувентус на Аргентинецот му истекува во јуни 2022 година.

„Кориере дело Спорт“, пишува дека преговорите помеѓу менаџерот на Дибала и Јувентус, не се поместиле од почетната точка. Менаџерот, барал неговиот клиент, со новиот договор да стане најплатениот играч во тимот.

По заминувањето на Кристијано Роналдо тој статус го има Холанѓанецот, Матијас Де Лихт.

Платата на Де Лихт изнесува осум милиони евра, а со бонусите Холанѓанецот може да заработи и 12 милиони евра годишно.

Кога станува збор за Дибала, Јувентус, нудат годишна плата од девет милиони евра.

Дибала е играч на Јувентус од 2015 година, претходно играше во Институто и Палермо.

Share
Scroll to Top