Димитријевиќ сам играше против Литванија, постигна 43 поени во поразот на Македонија

Димитријевиќ сам играше против Литванија, постигна 43 поени во поразот на Македонија

пред 8 часа

Фото/ fiba.basketball

Минимални се шансите на Македоноја да избори пласман на Европскот првенство во кошарка. Вечерва македонските кошаркари, во Клаипеда доживеаја пораз во Литванија 94:72.

Литванската публика сведочеше на симултанката на Ненад Димитријевиќ. Додека беше на теренот нашиот тим имаше активен резултата. Кога тој се повреди играта на репрезентацијата се распадна и Литванците запишаа убелива победа.

Димитиријевиќ за нецели 30 минути, колку што мина на теренот, постигна 43 поени (28 од нив постигна во првиот дел), на кои придодаде четири скока и шест асистенции.

Со Димитирјевиќ на теренот Македонија на полувреме имаше предност 43.46, а решавачкиот период Литванија го започна со 64:62. Димитријевиќ се повреди кога Литванците имаа 75:65.

Со третиот пораз во четвртиот натпревар, Македонија на минимум ги сведе шансите за пласман на ЕП. До крајот на квалификацискиот циклус, Македонија во февруари наредната година ќе гостува во Естонија и ќе ја пречека Полска.

Share
Scroll to Top