По долги преговори, Ливерпул и Баер Леверкузен го договорија трансферот на Флоријан Вирц.
Германскиот и англискиот клуб го потпишаа најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата, вреден 136,3 милиони евра, според англиските и повеќето европски медиуми и фудбалски инсајдери.
Договорот, исто така велат, е дефинитивно склучен, и сè што останува е двата клуба да го официјализираат договорот.
Ливерпул ќе му плати на Баер основни 117,5 милиони евра како обештетување и дополнителни 18,8 милиони во бонуси, па Вирц ќе може слободно да потпише петгодишен договор со „црвените“.
Вредноста на овој трансфер го надмина претходниот најголем во историјата на Премиер лигата, оној на Мојсес Кајсед од Брајтон во Челзи за 133 милиони евра.
Според порталот „The Atheltic“, во преговорите со Ливерпул, Баер побарал цели 150 милиони за Вирц, но на крајот, двете страни постигнале договор за помала сума.
Минатата сезона Вирц постигна 16 гола и 15 асистенции во 45 натпревари, а пред тоа беше клучен играч во шампионскит тим предводен од Чаби Алонсо.
Во 49 натпревари во шампионската сезона на Баер, тој постигна 18 гола и запиша 20 асистенции во 49 натпревари.
BREAKING: Liverpool and Bayer Leverkusen have come to an agreement on a British record deal for Florian Wirtz
The total package is £116.5m (€137.5 million), made up of a £100 m plus £16.5 million in potential add-ons. pic.twitter.com/HosbszL2r8
— Sky Sports News (@SkySportsNews) June 13, 2025