Ливерпул се договорија со ПСВ Ајндховен за трансферот на Коди Гакпо, тврдат од холандскиот клуб, комплетирајќи го неверојатниот пресврт откако се веруваше дека Манчестер јунајтед се пред потпис со 23-годишниот напаѓач.
Гакпо имаше одличен настап на Светското првенство во Катар, каде што постигна три гола и со Холандија стигна до четврт-финалето, и сега ПСВ велат дека тој ќе патува во Англија да го комплетира трансферот, објаснувајќи дека тоа ќе биде рекорден за нивниот клуб – се очекува Ливерпул да платат 40-50 милиони евра..
„Менаџерскиот тим на ПСВ ги комплетираше преговорите на ‘Боксинг деј’ и му даде дозвола на Гакпо да патува во Англија“, се вели во објавата на холандскиот клуб, за кого Гакпо постигна 9 гола и имаше 12 асистенции во 14 лигашки натпревари.
PSV and @LFC have reached an agreement on the proposed transfer of Cody Gakpo.
The 23-year-old attacker will leave for England imminently where he will be subjected to the necessary formalities ahead of the completion of the transfer.
— PSV (@PSV) December 26, 2022