Доминација на Априлија во Тексас – Историско остварување на Марко Бецеки

Доминација на Априлија во Тексас – Историско остварување на Марко Бецеки

пред 2 часа

Победник на траката за големата награда на САД, во класата Мото ГП, трета трка во сезоната, е Марко Бецеки. Доминацијата на Априлија во Остин ја потврди Хорхе Мартин, додека третото место го освои Педро Акоста од КТМ. Прв пат во историјата, Априлија на две трки по ред, забележа „еден-два“ победа.

Три трки, три победи и рекорд по број на последовни кругови во кои беше лидер во трката. Бецеки го сруши тој рекорд веќе на средина од трката кога го започна 104-от последовне круг како лидер.

Ова е петта последователна победа на Бецеки и петта трка во која беше во водство од првиот до последниот круг.

Марко Бецеки е првиот возач кој постигна пет победи, а во секоја од нив водеше од првиот до последниот круг.

Марк Маркез има најголем број последовни победи, десет, а по него следува Валентино Роси со седум. Маркез исто така имаше серија од седум последователни победи. Роси имаше две серии од пет победи, Маркез една. А сега Бецеки им се придружи на двајцата великани.

По три трки, Марко Бецеки е лидер во генералниот пласман со 81 бод. Хорхе Мартин е втор со 77, трет е Педро Акоста со 60, а на четвртото место е Фабио ди Џанантонио со 50.

Следната трка ќе се вози на 24 април во Шпанија.

Share
Scroll to Top