Каков ден за францускиот екипен спорт. По ракометарите и одбојкарите станаа олимписки шампиони. Француските одбојкари, во трилер меч, ја победија Русија со 3:2 (25:23, 25:17, 21:25, 21:25, 15:12).
Златото од Токио е најголемиот успех во историјата на француската одбојка.
Ервин Нгапет со 26 поени беше најефикасен во победничката репрезентација, Жан Патри освои 15, а Тревор Клевено 11 поени. Максим Михајлов со 22 и Ефор Киука со 20 поени ја предводеа Русија.
Бронзата ја освоија Аргентинците. За третото место тие го победија Бразил со 3.2.