Еден играч е повреден, полицијата уапси 25 лица, натпреварот Олимпик-Рен е одложен

Еден играч е повреден, полицијата уапси 25 лица, натпреварот Олимпик-Рен е одложен

пред 4 години

Натпреварот помеѓу Олимик Марсеј и Рен кој вечерва требаше да се одигра на „Велодром“, во Марсеј е одложен поради упадот што го извршија хулиганите врз клупскиот тренинг-центар. Во моментот кога хулиганите тргнаа во напад, фудбалерите на Олимпик, во тренинг-центарот се подготвувале за натпреварот со Рен.

Хулиганите фрлале факели, со што предизвикале пожар, а при упадот бил повреден фудбалерот од одбраната Алваро Гонзалес. „Лекип“, повикувајќи се на извори од клубот, пренесе дека поранешниот фудбалер на Виљареал, се чувствува добро иако има повреда на грбот.

Наводно хулиганите случајно го погодиле Алваро Гонзалес, новна цел биле Дмитри Паје и Анри Ејаруд.

Полицијата експресно реагираше, во нивната акција биле уапсени 25 лица.

Олимпик од лигата побарале мечот да биде одложен, а откако од Рен рекле дека нема да се противат на една таква одлука, дуелот и официјално е одложен. Играчите на Рен веднаш се вратиле дома.

Олимпик игра лоша сезона, во клубот е нарушена атмосферата, поради што тимот се наоѓа на седмото место во Лига 1, со 14 бода помалку од Олимпик Лион.

 

Share
Scroll to Top