Еден од најдобрите спортисти во историјата на Словенија ја заврши кариерата

Еден од најдобрите спортисти во историјата на Словенија ја заврши кариерата

пред 1 час

Најдобриот словенечки хокеар на сите времиња, 38-годишниот Анже Копитар, ја заврши долгата и богата кариера. Тимот на Копитар, Лос Анџелес Кингс, доживеа елиминација, во првото коло од плејофот на НХЛ, во кое Колорадо Аваланш ги победи во четири натпревари. Во четвртиот меч, резултат беше 5:1 за најдобриот тим од регуларниот дел од сезоната.

Копитар, кој ги помина сите 20 години од својата НХЛ кариера со Лос Анџелес Кингс, постави бројни рекорди за тој клуб, со кој го освои Стенли Купот во 2012 и 2014 година.

За Кингс, тој одигра 1.521 натпревар во регуларната сезона и собра 1.316 поени, 452 гола и 864 асистенции, што е клупски рекорд. Тој додаде и 89 поени во 107 натпревари од плејофот.

Двапати во текот на својата кариера, беше награден за најдобар одбранбен играч меѓу напаѓачите во НХЛ.

„Би сакал да ме паметат како добар соиграч. Всушност, како добар соиграч и двократен победник на Стенли купот“, рече Копитар откако беше испратен со овации од навивачите на Кингс.

Освен неговите соиграчи, на Копитар му се поклонија и неговите ривали од Колорадо, кои го продолжуваат своето патување во плејофот.

Share
Scroll to Top