Еди Џордан: Веднаш би му ја покажал вратата на Луис Хамилтон

Еди Џордан: Веднаш би му ја покажал вратата на Луис Хамилтон

пред 4 години

На само два месеци пред стартот на сезоната 2021, светскиот шампион Луис Хамилтон уште го нема потпишано продолжувањето на договорот со Мерцедес, откако во јавноста се појавија многу шпекулации околу финансиските побарувања на седумкратниот шампион. Поранешниот шеф на Ф1 тим, Еди Џордан, вели дека Германците едноставно треба да го отпуштат Хамилтон.

„Да бев шеф на Дајмлер, едноставно би го отпуштил – или ќе возиш под наши услови, или збогум. Според моите информации не се работи само за високата плата, туку и улогата која Луис ја сака во групацијата Мерцедес и нормално е Дајлмер да не се согласува со тоа. Би му го кажал тоа што Берни Еклстоун го кажа по смртта на Аиртон Сена. Иако Берни беше шокиран и многу тажен, тој беше првиот кој се созеде и кажа: ‘Доста плачење, секој може да биде заменет’“, вели Џордан.

Share
Scroll to Top