Ѓоковиќ не знае дали ќе продолжи – Мислам дека пукна мускулот

Ѓоковиќ не знае дали ќе продолжи – Мислам дека пукна мускулот

пред 3 години

Најдобриот светски тенисер, бранителот на титулата на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ, не е сигурен дека ќе може да го продолжи настапот на првиот Гренд слем.

Ѓоковиќ, во третото коло, успеа да ја победи повредата и незгодниот противник Тејлор Фриц. Мечот кој траеше три часа и 27 минути, Ѓоковиќ го доби со 3:2. Фриц успеа да избори петти сет благодарение на повредата со која Ѓоковиќ се здоби на почетокот на третиот сет.

„Ментално и емотивно се чувствувам одлично. Неверојатно е што успеав да ја извлечам победата. Еден од најдобрите мои мечеви, под вакви околности. Не сакам да зборувам за победата. Луѓето нема да го разберат тоа. Низ што се поминував, монологот што го имав во главата, дали да се повлечам или не. Не можев да се движам, не можев да се „ротирам“. Можев само да сервирам. Во петтиот сет се чувствував малку подобро. Задоволен сум и загрижен, се уште не знам што се случува, како да ми пукна мускулот. Ќе видиме. Не знам дали за два дена ќе можам да играм“, изјави Ѓоковиќ по спектакуларната победа.

Доколку во недела се појави на теренот, противник на Ѓоковиќ ќе му биде Милош Раониќ.

 

Share
Scroll to Top