Поранешниот фудбалер на Тулуз, Тотенхем, Вотфорд и Виљареал, Етјен Капу одлучи да го промени спортот.
Капу, поранешен играч за врска и француски репрезентативец на 36 години реши да започне кошаркарска кариера.
Капу потпиша за кошаркарскиот клуб Ховенс Лелијана кој се натпреварува во шпанската трета лига.
Étienne Capoue has begun playing basketball.
He has joined the club CB Jovens L'Eliana, which play in the Spanish third division.
(Source: @relevo) pic.twitter.com/fTkdVyL8xf
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) September 12, 2024
Капу за француската репрезентација одигра вкупно 12 натпревари, а во Премиер лигата одигра најмногу натпревари, вкупно 180 натпревари за Тотенхем и Ватфорд.
Капу, кариерата ја започна во Анже, а потоа се пресели во младинските категории на Тулуз. Одигра одлична сезона како млад играч, а потоа во 2013 година се пресели во Тотенхем во трансфер вреден 11 милиони евра.