Енди Кол: Му кажав на Златан, спушти ги своите е.аи раце!

Енди Кол: Му кажав на Златан, спушти ги своите е.аи раце!

пред 3 години

Поранешниот соиграч на Златан Ибрахимовиќ од Лос Анџелес галакси, Ешли Кол вели дека шведскиот ветеран има „две личности“ и објаснува дека кога се присути медиумите, тој се менува целосно.

Поранешниот фудбалер на Челси и Арсенал, играше со Ибрахимовиќ во Галакси во 2018 и 2019 година и 40-годишниот Англичанец, кој беше капитен во тимот од Лос Анџелес, вели дека Ибрахимовиќ бил брутално искрен со своите соиграчи.

„Имаше две личности, со нас во соблекувалната беше брилијантен, тивок, многу скромен, но кога ќе излезеше пред медиумите беше Бог. Имаше моменти кога ќе влезеше во соблекувалната и без проблем ќе критикуваше некого за слаб прием на топка, за тоа како не знаеш да трчаш. Се обиде со мене еднаш, креваше раце. Му кажав: ‘Спушти ги е.аните раце долу’. Сериозен сум. Може има поента, но нема што да крева раце“, вели Кол, кој се повлече од фудбалот во 2019 година.

Share
Scroll to Top