Еторе Месина пак ќе е селектор на Италија

Еторе Месина пак ќе е селектор на Италија

пред 3 години

Познатиот италијански кошаркарски тренер Еторе Месина по третпат ќе биде селектор на слеекцијата на Италија. Како што пишува „Gazeta delo Sport” искусниот стручњак ја прифатил понудата и ќе го наследи селекторот Сакети на таа позиција.

Италијанците одлучија Сакети да биде на клупата на „Азурите“ до крајот на Европското првенство наредната година, а потоа должноста да ја преземе токму Месина кој е тренер на Олимпија Милано. Тој ќе работи на две работни позиции истовремено.

Месина досега во два мандати беше на кормилото на кошаркарската репрезентација. Првиот пат од 1993 до 1997, а вториот пат од 2015 до 2017 година.

Share
Scroll to Top