Еурофарм Пелистер го декласираше Металург, во Автокоманда со 32:22, во натпревар кој требаше да биде дерби во домашното првенство.
Металург успеа да му пружи отпор на противникот само во првата половина од првото полувреме. Периодот од 14. до 20.минута, донесе серија од шест гола за Еурофарм Пелистер и предност 14:5.
На полувреме гостите водеа со 20:9. Во второто полувреме, Металург немаше никакви шанси да ја стигне предноста на Битолчани.
Периќ со седум гола го предводеше Еурофарм Пелистер, исто број на голови за Металург постигна Хорват.
Фото/facebook hceurofarmpelister