Ефес со доминација – веќе имаат 2:0 против Реал

Ефес со доминација – веќе имаат 2:0 против Реал

пред 4 години

Анадолу Ефес се на една победа од обезбедување на место на Фајнал фор турнирот во Евролигата, откако со 91:68 го декласираа Реал Мадрид во „Синан Ерден доум“ во четвртокот за 2:0 водство во четврт-финалната серија.

Василије Мициќ имаше 23 поени со 5 тројки од 5 обиди, и додаде 4 скока и 3 асистенции, а Шејн Ларкин помогна со 21 поен за третиот носител по регуларниот дел во Евролигата.

Разликата Ефес ја направи во третата четвртина, по што Реал немаше одговор, посебно без повредениот Валтер Таварес. Најдобар за Реал беше Треј Томпкинс со 14 поени, а 41-годишниот ветеран Фелипе Рејес имаше 6 поени за да стане најстариот стрелец во историјата на Евролигата.

Серијата се сели во Мадрид за третиот натпревар во вторник.

Share
Scroll to Top