Ешли Јанг со фантастичен гол донесе реми за Вила кај Нотингем форест

Ешли Јанг со фантастичен гол донесе реми за Вила кај Нотингем форест

пред 2 години

Понеделничкиот дуел на два тима на кои не оди најдобро премиерлигашката сезона, Нотингем форест и Астон вила на крајот заврши со 1:1 реми, и само по еден поен.

Форест, клубот кој купи 20-тина фудбалери во летниот преоден рок, влезе во мечот со серија од пет порази и од последното место на табелата, но први стигнаа во водство уште во 15. минута од мечот преку Емануел Денис за еуфорија на „Сити граунд“. Сепак, гостите, кои исто така имаат лош старт на 2022/23, успеаја да израмнат со прекрасниот гол од далечина на Ешли Јанг само седум минути подоцна, по што до крајот на мечот двата тима не ги искористија своите шанси.


Standings provided by Sofascore

Share
Scroll to Top