Интер го победи Порто со 1:0 на „Џузепе Меаца“ во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите. Стрелец беше Ромелу Лукаку во 86.минута. Но, овој дуел ќе се памети и по жестоката вербална пресметка помеѓу голманот на Интер, Андре Онана и неговиот соиграч Един Џеко.
Во првото полувреме, камерунскиот голман почна да му вика на Џеко, а тоа не му се допадна на босанскиот напаѓачот и веднаш возврати.
На крајот реагираше и Хакан Чалханоглу кој го смири Онана, па дури и му ја покри устата со рака.
Furioso #Onana contro #Dzeko durante #InterPorto: “Stai zitto, nella carbonara ci va il guanciale!”#UEFA_Champions_League #Lukaku #INTPOR pic.twitter.com/q4w7WJ8KsE
— Onanismo Camerunense (@OnanismoInda) February 22, 2023