Оливие Жиру има намера да замине од Челси во зимскиот преоден рок. Францускиот напаѓач сака да замине во клуб каде што ќе биде стартер, за да може добро да се подготви за ЕУРО 2021.
Жиру од почетокот на сезоната одиграл шест натпревари, но само еднаш бил стартер кај Френк лампард.
Во истиот период во стартниот состав на Франција настапил на осум натпревари, на кои постигнал пет гола.
Францускиот селектор Дидие Дешам го советувал Жиру да си најде нов клуб во јануари, доколку во меѓувреме не се смени ситуацијата во челси.