За Колина топ момент во кариерата е финалето во ЛШ, Баерн-Манчестер во 1999-та

За Колина топ момент во кариерата е финалето во ЛШ, Баерн-Манчестер во 1999-та

пред 4 години

Легендарниот италијански фудбалски судија, Пјерлуиџи Колина откри кој е топ моментот во неговата богата кариера. Тој немаше дилема – тоа е легендарното финале во Лигата на шампиони во 1999 година меѓу Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед кога „ѓаволите“ дојдоа до титулата со два гола во последните моменти од средбата.

„Се играа последните 2 минути кога ги видов резерните фудбалери на Баерн како се подготвуваат да ја слават титулата. Навивачите беа среќни, очекуваа нивниот тим дабиде крунисан со пехарот во ЛШ. Изненадно, Јунајтед постигна 2 гола за 2 минути и поведе со 2-1. Никогаш нема да заборавам како англиската страна на стадионот вреска со сета сила, беше како да рикаат лавови, додека на страната на Баерн беше гробна тишина. Играчите на Манчестер хистерично го славеа вториот погодок кога видов фудбалер на Баерн како безнадежно лежи на тревата, разочаран (дефанзивецот Самуел Куфур). Му пријдов и не знаејќи што друго да му кажам, му реков `станувај и бори се, имаш уште 20 секунди“ – рече Колина.

Екс-судијата објасни дека многу научил од тој момент.

„Тогаш го видов вистинското лице на фудбалот, смрт или живот на стадион, луѓе кои лудачки слават и оние кои кои како да беа осудени на смрт“ заклучи Италијанецот.

Share
Scroll to Top