Катастрофа на Лион кај Анжер, има ли ПСЖ ривали во Франција?

Катастрофа на Лион кај Анжер, има ли ПСЖ ривали во Франција?

пред 3 години

Откако вчера шампионот Лил загуби дома со 0:4 од Ница, денеска и уште еден од клубовите кои треба да бидат ривали на ПСЖ во француската Лига 1 доживеа катастрофа – Лион загуби со 3:0 на гостувањето кај Анжер, останувајќи без победа по првите две кола во лигата.

Софијан Буфал ги донесе домаќините во водство во 20. минута од мечот, а мизеријата за Лион продолжи во 50. минута, кога Марсело си постигна автогол. Максвел Корне потоа заработи два жолти картони за помалку од 15 минути за да ги остави „лавовите“ со 10 играчи, нешто што Анжер го казнија во 77. минута, кога Азедин Унани го постигна и третиот гол.

Со победата, Анжер засега е единствениот тим покрај ПСЖ со две победи во првите две кола и се наоѓа на првото место на табелата.

Share
Scroll to Top