Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) реши да направи промени на фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. ИОК го зголеми бројот на репрезентации на женскиот дел од турнирот и во исто време донесе одлука да го намали брјот на учесници на машкиот дел од турнирот.
На Олимпијадата во Лос Анџелес наместо досегашните 12 ќе учествуваат 16 женски репрезентации, додека машкиот олимписки турнир ќе биде намален од 16 на 12 екипи.
ИОК рече дека причината за промената е брзо растечката популарност на женските тимски спортови, особено во САД и дека промената во форматот на натпреварувањето е одраз на тој брз раст.
„Сакавме да направиме нешто што ќе го одрази тој раст, а исто така и дека САД се дом на најпопуларниот женски фудбал“, рече спортскиот директор на ИОК, Кит Меконел на прес-конференција.
Тој нагласи дека ИОК разговарал за ова прашање со организаторите на Игрите во ЛА и ФИФА, управното тело на светскиот фудбал, пред да ја донесе одлуката.
Соединетите Американски Држави, кои исто така ќе бидат домаќини на Светските првенства за жени во 2026 и 2031 година, освоија пет златни олимписки медали во женска конкуренција.