Општината Неапол и официјално потврди дека стадионот „Сан Паоло“ од денеска ќе го носи името на Диего Армандо Марадона, откако веднаш по неговата смрт претседателот на фудбалскиот клуб Наполи, Аурелио де Лаурентис го најави истото. Марадона почина на 25 ноември од срцев напад, а секогаш ќе биде во срцата на наполитанците, на кои им донесе две италијански титули на крајот на 1980-тите. „Со денешната резолуција, стадионот ќе го носи името на Диего Армандо Марадона. Предлогот го даде градоначалникот Луиџи де Маџистрис, советникот Алесандре Клементе и беше потпишан од целиот градски совет. Стадионот ‘Сан Паоло’ сега официјално ќе биде познат како ‘Стадио Диего Армандо Марадона’“, се вели во соопштението на општината. ? | Bem-vindos ao Stadio Diego Armando Maradona! ? Leia o comunicado oficial (em italiano)? https://t.co/1N8ZsbE3LS ? #ForzaNapoliSempre pic.twitter.com/k9S8Igz3Mp — SSC Napoli Oficial (@sscnapoli_br) December 4, 2020
И официјално „Стадио Диего Армандо Марадона“!
пред 4 години